Наставнички пленум: Договорот меѓу СОНК и МОН убав само за пред камера

by Фокус

Наставничкиот пленум не е задоволен од договорот кој го постигна СОНК со Министерството за образование и наука, со кој се укинуваат казните од екстерното тестирање, но тестирањето останува. Од пленумот за телевизија Телма велат дека овој договор е убав и успешен само за пред камера.

-Казните за професорите беа само еден аспект. Најголем проблем е уривањето на образованието кое се врши поради ваквиот модел на екстерно тестирање , рече професорката Лидија Томовска

Од СОНК пак, велат дека дека наставниците треба да бидат задоволни од постигнатиот договор, бидејќи синдикатот издејствувал решавање на еден од клучните образовни проблеми – казните од екстерното тестирање. За другите барања, како на пример зголемувањето на платите, преговорите ќе продолжат во наредниот период.

 

Поврзани новости