Три лица се сомничат за убиството во Дебар

by fokus

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против три лица под сомнение дека биле инволвирани во убиство на тричлено семејство во Дебар.

Според соопштението на ОЈО, првоосомничената, жена на возраст од 28 години, е под истрага бидејќи постојат основи на сомнение дека сторила кривично дело – убиство од чл.123 ст.3 од Кривичниот законик. За другите двајца осомничени, 31-годишен маж од Гостивар и 62-годишен жител на Дебар, постои сомнение дека и помагале во извршувањето со што сториле кривично дело – убиство од чл.123 ст.3 во врска со чл.24 од Кривичниот законик.

Ценејќи дека се исполнети законските услови, надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка достави Предлог за определување мерка притвор за сите три осомничени лица. Ваквиот предлог беше прифатен и судијата на осомничените им одреди мерка притвор во траење од 30 дена, соопштува ОЈО.

Поврзани новости