697
Три лица биле забележани како лепат партиски плакати без одобрение на објект во изградба во Скопје, по што интервенирала полицијата.
Како што соопштуваат од МВР, на 3 јули околу 2:45 часот после полноќ било пријавено дека на заштитна ограда од објект во изградба на ул. „Фрањо Клуз“, од полициски службеници биле забележани Н.Б.(19), И.Л.(19) и М.И.(20), сите од Скопје, кои на местото на настанот пристигнале со патничко возило „југо“, со скопски регистарски ознаки, како лепат плакати од политичка партија, без соодветно одобрение.