760
Три години затвор за Паско Кузман, вака денеска одлучи кривичниот суд. Ексдиректор на Управата за заштита на културното наследство беше осуден во судскиот процес наречен „Фаланга 2“.
Тој е само еден од шеснаесетте обвинети во големиот судски процес кои одговараа за злоупотреба на службената положба. Во овој судски процес дури 7,5 години затвор доби Илчо Бојчевски, ексраководител во Управата за заштита на културното наследство, додека вкупно беа изречени 12 затворски казни и четири условни, што практично значи дека сите обвинети беа прогласени за виновни.