И вработените и хонорарците за секој прилив ќе си плаќаат придонеси!

by lali 17:16
17:16

Министерството за финансии, по два дена, даде одговори на прашањата на Фокус во врска со нејаснотиите околу примената на измените во Законот за придонеси. Според одговорите од Министерството за финансии, кои подолу во текстот ги пренесуваме во целост, хонорарците сами ќе треба да си ги плаќаат придонесите од секој прилив на пари, онака како што ќе им ги пресмета Фондот за пензиско и Фондот за здравствено осигурување.

Доколку сте вработени и осигурани, а остварувате дополнителни приходи по однос на авторски договори или договор на дело, и на тие договори ќе треба да плаќате пензиско и здравствено осигурување.

Според сето ова, може да се заклучи дека во Македонија на сцена стапува повеќекратно плаќање придонеси, односно едно лице ќе треба да одвојува приближно околу 40 отсто од секој хонорар што го зема (вклучително со персоналниот данок), на сметка на државата.

- Advertising -

Во прилог се одговорите што ги добивме од Министерството за финансии:

  • Во врка со прашањето кое правно лице ќе ги плаќа придонесите ако лицето остварува приходи од повеќе договори Ве известуваме дека треба да ги имате предвид одредбите од членот 4 од Предлог законот, конкретно одредбата од предложенат точка 14 која гласи: „14) Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија и Фондот за здравствено осигурување на Македонија се обврзници за пресметка на придонесите и за лицата од член 7 став (1) точка 13 и член 10 став (1) точка 16 од овој закон кои приходите ги остваруваат врз основа на склучени договори со физички лица и за лицата од член 7 став (4) и член 10 став (2) од овој закон, а обврзници за уплата на придонесите се лицата сами за себе“.

Согласно оваа одредба за лицата кои остваруваат приходи од повеќе договори, придонесите ги пресметуваат Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија и Фондот за здравствено осигурување на Македонија, а истите самите за себе ќе ги уплатат придонесите.

  • Во врска со второто прашање, Ве известуваме дека лицата ќе плаќаат придонеси за секој поединечен вид приход, односно за остварената плата и за приходите остварени по основ на договор на дело. Истите ќе подлежат на плаќање на придонеси на остварените приходи најмногу до висината на максималната основица за плаќање на придонеси- шест просечни плати. Плаќањето на придонесот од пензиско и инвалидско осигурување на одделните видови на приходи ќе им овозможи на лицата да остварат поголеми бенефиции од пензиското осигурување, осносно повисока пензија.
  • Во врска со прашањето како е регулиран делот за лицата кои примаат хонорари од повеќе места, а нивниот збир ја надминува минималната плата, односно како и кој ќе го плаќа осигурувањето, Ве известуваме дека, лицата кои остваруваат приходи од повеќе договори, како што и погоре беше наведено придонесите ќе ги плаќаат самите за себе, а пресметката на придонесите ќе ја вршат Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија и Фондот за здравствено осигурување на Македонија. Лицата согласно членот 5 од Предлог законот со кој се предлага нов став 6 во членот 14 од Законот, се должни договорот за дело и/или авторски договор или друг договор со кој е определен надоместокот да го достават до Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија кој по службена должност доставува евиденција до Управата за јавни приходи, Фондот за здравствено осигурување на Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија.

Поврзани новости