Загрижувачка е здравствената состојба на професорите што штрајкуваат со глад

by Фокус 15:26
15:26

Крајно загрижувачка е здравствената состојба на тројцата  професори од Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, кои се веќе 14 дена во штрајк со глад, информираат денеска синдикалците од СОНК.

Синдикацлите уште еднаш побараа надлежните веднаш да ги отстранат причините за оваа состојба, согласно закон и Решението на Државната просветна инспекција. Професорите Крсте ШајновскиАлександар Костадиновски и Маргарита Матлиеска скоро две недели гладуваат бидејќи останаа без работа.

- Advertisements -

„Сметаме дека рокот за спроведување на решението, во овој случај не може да биде оправдување за одолговлекување со постапката. Претседателството на СОНК ќе прифати и цврсто ќе застане во правна постапка на тројцата професори, да се утврди конкретниот виновник за овој случај и врз основа на тоа да се бара соодветен надомест за последиците по нивното здравје од долготрајниот штрајк со глад. Претседателството на СОНК се надева и се моли да се сочува здравјето на тројцата професори, но доколку се случи … тоа ќе го сметаме за смислено… и ќе бараме најстрога казна според законите на оваа држава за такво дело.Со три точки ги одбегнуваме зборовите кои сигурно ќе внесат немир кај многумина, но сепак сметаме дека на тие што се искрено загрижени за овој случај им е јасно за кои зборови станува збор.“, се вели во соопштението

Раководството на СОНК вечерва во знак на поддршка на професорите се сели во Штип каде ќе одлучува што да прави со цел да изврши поголем притисок врз институциите кои до сега не реагираа.

 

Поврзани новости