Тргната блокадата на грчките земјоделци на преминот „Евзони“

by Fokus

Од синоќа од 23 часот нормализирано е влегувањето во Грција преку преминот „Евзони“, кој од 18 часот беше блокиран од грчките земјоделци, а тамошните погранични служби пропуштаа патнички и товарни возила на секој половина час по десет минути.

Веста дека е нормализиран влезот кај јужниот сосед преку преминот Богородица-Евзони за држвната МИА ја потврди началникот на Регионалниот центар за гранични работи Југ при МВР, Славчо Богев.

И на другите граничните премини со Грција, „Дојран-Дојрани“ и „Меџитлија-Ники“, протокот на патници и стока се одвива нормално.

Инаку, преминот „Ники“ за влез во Грција вчера беше блокиран од грчките земјоделци од 16 до 19 часот, кои, според информации оттаму, штрајкот и блокадите ги ставиле во мирување.

Поврзани новости