476
Расте бројот на повредени граѓани по земјотресите кои попладнево ја погодија Албанија. Земјотресите најмногу ги погодија Тирана и Драч, каде досега се повредени повеќе од 70 лица.
Пред неколку минути нов земјотрес од 4,4 степени по Рихтер ја стресе Албанија, јавува Топ ченал. Првиот земјотрес од 5,8 степени според Рихтер, беше регистриран во 16 часот, а само петнаесет минути подоцна следуваше и втор од 5,0 степени.
Делови од Албанија кои најмногу се погодени од земјотресот се брез струја и мобилен сигнал, јавуваат албански медиуми.
Потресите предизвикаа и материјална штета, односно распукани згради и уништени автомобили.