Избегале двајца штитеници на домот „Ранка Милановиќ“

by fokus

Двајца штитеници од домот „Ранка Милановиќ“ во текот на вчерашниот ден избегале, по што полицијата трага по нив.

-На 20.09.2019 во Полициската станица Гази Баба, вработена во домот „Ранка Милановиќ“ пријавила дека од домот се оддалечил нивниот штитеник К.Д.(14) од Кавадарци. Според пријавеното, тие имале сознанија дека се наоѓа на теритотија на Кавадарци. Инаку, тој повеќе пати досега го напуштал домот и бил враќан во установата. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Вчера, во 11.30 часот во Полициската станица Гази Баба, вработена во домот „Ранка Милановиќ“ пријавила дека од домот се оддалечил нивниот штитеник Ф.К., лице со нарушено здравје. Инаку, тој во повеќе наврати пати досега го напуштал домот и бил враќан од полицијата во установата. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, информираат од МВР.

Поврзани новости