Сообраќајка кај Врање, двајца Македонци повредени

by fokus

Во сообраќајна несреќа на автопатот кај Врање, Србија, во судир на две патнички возила, едно лице го загубило животот. Три лица се потешко повредени, пренесува РТС.

Загинатото лице се возело во автомобилот „голф“ со српски регистарски таблички, кој по судирол излетал од патот. Неколку од патниците се повредени, пренесува српски „Телеграф“.

Според порталот, во другиот автомобил полесно повредени се двајца македонски државјани. Тие се враќале од Холандија, каде само што го купиле автомобилот.

Поврзани новости