Шилегов побара од Димовски да се заблагодари што предлозите на ВМРО-ДПМНЕ се најдоа на дневен ред

by fokus

Пратениците од парламентарното мнозинство гласаа за предлог законите на ВМРО-ДПМНЕ да бидат ставен на дневен ред и покрај тоа што опозицијата не ја даде својата поддршка за расправа по однос на измените за минимална плата, укинување на радиодидифузна такса и обештетување на стечајците.

Предложените измени на ВМРО-ДПМНЕ предвидуваат зголемување на платата за јавниот сектор, ваучери за студенти за набавка на компјутери и измени во Законот за извршување. За овие предлог измени ќе се расправа по скратена постапка, исто како и за пакетот социјални закони предложени од СДСМ, ДУИ и Алијанса за Албанците.

Со гласањето на пратениците на овие партии, иницијативите на ВМРО-ДПМНЕ ги поддржаа вкупно 100 пратениците. Пратеникот Илија Димовски веднаш потоа излезе на говорницата од која му се заблагодари на парламентарното мнозинство на барање на пратеникот од СДСМ, Петре Шилегов.

-Предупредувам дека ставањето на дневен ред на овие измени не значи усвојување на законите. По усвојувањето ќе се знае дали јавниот сектор ќе го добие ова покачување од пет отсто што го предлагаме. Ова може да биде тактика со ставање на дневен ред, но потоа да не бидат изгласани од мнозинството – рече Димовски.

-Вие ми кажувате за процедурални одолговлекувања, па ние можеме да учиме од вас за тоа – возврати координаторот на СДСМ, Томислав Тунтев. Тој го прекори својот сопартиец Шилегов, затоа што со барањето, рече, ја искомплицирал работата.

-Шилегов не моравте да го барате тоа од Димовски, ја искомплициравме работата. Ве молам воздржете се од коментари во иднина – саркастично додаде Тунтев.

Поврзани новости