ВМРО-ДПМНЕ со контра-пакет за социјалните закони, Димовски вели дека постапуваат конструктивно

by fokus

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за пакетот од три закони предложени од парламентарното мнозинство да влезе во собраниска процедура и да се изгласа по скратена постапка. Станува збор за измените со кои би се зголемила минималната плата, би се укинала радиодифузна такса и би се обештетиле стечајните работници.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, од собраниската говорница порача дека пратениците од оваа коалиција нема да гласаат по однос на овие закони се додека СДСМ и ДУИ не се произнесат за трите предлог законски измени кои ги предложија денеска.

-Предложивме три закони по скратена постпка. Зголемување на платата за вработените во јавниот сектор за 5 отсто, измени во законот за извршување со што трошокот за извршување да не биде поголем од основниот долг, и измени во закон со што би се овозможиле вредносни бонови за сите студенти од трета и четвртта година за набавка на компјутери – рече Димовски.

Покажуваме конструктивност, рече тој, со тоа што не гласаме.

-Ако од власта бараат опозицијата да биде конструтивна, власта има двојно поголема обврска, не гласаме затоа што чекаме мнозинството да се поризнесе за нашите предлог закони – додаде Димовски.

-Негласањето не го афирмира вашиот став, очекувавме да го чуеме вашиот став, верувам дека во конструктивен дух можевме да започнеме со измена на законите – возврати координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев.

Пакетот закони предложени од СДСМ, ДУИ и Алијанса за Албанците влегоа во собраниска процедура по скратена постапка со гласовите на парламентарното мнозинство.

 

Поврзани новости