451
Синиша Михајловиќ е сериозно болен и ќе мора да се повлече од кормилото на Болоња, ова го пренесе денешното издание на Кориeре дело Спорт.
Српскиот стратег се најде на насловната страна на КДС, со наслов „Форца Синиша“, весникот пренесе дека тренерот на Болоња е болен, и тоа сериозно.
Се очекува повеќе детали да бидат објавени во текот а денешниот ден, кога Синиша Михајловиќ ќе се појави на пресконференција или ќе биде испратено соопштение.
Кориере дело Спорт додава дека поради влошената здравствена состојба, Синиша Михајловиќ нема да може да ги извршува обврските на клупата на Болоња и ќе се повлече од тренерското столче.
„Тој повеќе нема да може да ја предводи Болоња. Го чека друга битка, за животот“ – се вели во сторијата.