Коруптивните активности на градоначланикот на Битола, Владимир Талевски, се во фокусот на новата истрага на Специјалното јавно обвинителство. СЈО нарачало вештачење да го испита случајот со превозот на ученици за кое се зборуваше на снимките од прислушуваните материјали.
Општина Битола плаќала на превозни компании за превоз на учениците поскапо од градоначалникот на Токио. Вклучени биле многу превозници како Хера турс, Џемс турс, Турист превоз и други и така ја оштетиле државата со вкупна штета од 22 милиони денари или 360 илјади евра за само две учебни години.
Фатиме Фетаи извести дека има вкупно 81 дејствије со кои се прекршиле неколку закони. Вештите лица утврдиле дека постои корупција во договорите за транспорт на учениците. Освен градоначалникот на удар на СЈО е и претседателот на Комисијата за јавни набавки на општината.