Новата истрага е против 22 лица, за Талевски нема предлог за притвор

by Фокус 13:02
13:02

Специјалната обвинителка Фатиме Фетаи извести дека транспортните претрпиајтија во текот на учебните години доставувале фактури за наплата на превозни услуги за учениците од средните и основните училишта во Битола. Фактурите, утврдила истрагата, биле секогаш со поголеми износи од реалните.

Со исплатата на фактурите општината им овозможувала на транспортните претпријатија да се стекнат со имотна корист. Многу од линииите биле доделувани без тендер. Во шемата на Талевски биле вклучени многу училишта и многу транспортни претпријатија. Сите од нив знаеле за манипулациите и криминалот што го прават, но никој не зборувал ништо затоа што многумина делеле од парите на општината.

- Advertisements -

СЈО во овој случај гони 22 лица кои сториле кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување. Во однос на Талевски не можело да се побара никаква мерка за обезбедување затоа што е аболициран од претседателот Иванов, но за другите лица се бара мерка притвор. Меѓу осомничените има и директори на училиштата.

Дополнително, СЈО ќе побара замрзнување на имот на осомничените. Против Талевски се водат и други дела за кои се уште не е помилуван.

Поврзани новости