428
Транспаретност Македонија денеска објави дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ за политичко лобирање и пропагандна поддршка во САД потрошила околу 1,7 милиони долари.
Според Транспаретност Македонија, ваквите суми претставуваат шокантни финансиски износи со кои, очигледно, располага оваа партија. Тие ја прашуваат владејачката партија од каде и се овие пари.
Од Транспаретност Македонија упатија прашање и до Државната комисија за спречување на корупцијата како и јавниот обвинител Марко Зврлевски, дали препознаваат основа за утврдување на потеклото на парите на ВМРО-ДПМНЕ. Тие го повикаа и премиерот Емил Димитриев кој е потписник на овие договори да го објасни потеклото на парите.