Трајанов на Уставен суд го оспори распуштањето на Собранието

by Фокус

Демократскиот сојуз на Павле Трајанов денеска до Уставениот суд денеска достави Иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста на Одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија.

-Не само што се работи за необмислен потег, досега непознат во историјата на парламентарното работење, туку со него директно се крши и Уставот на Република Македонија, односно одредбата од чл. 63 ст. 3 од во која децидно е наведено дека „избори за пратеници во Собранието се одржуваат во последните 90 дена од мандатот на стариот пратенички состав или во рок од 60 дена од денот на распуштањето на Собранието“. Спротивно на уставните одредби, законодавниот дом прибегна кон донесување на одлука заснована на „неопходноста од целосна имплементација на законите усвоени од страна на Собранието на РМ, а во насока на конечно завршување на политичката криза и исполнување на чекорите кои политичките партии ги преземаа, заради воспоставување на стабилни односи во политичките процеси, економскиот напредок на РМ и исполнување на евро-атланстките-перспективи, рече лидерот на ДС, Павле Трајанов.

Тој дополни дека без поголеми напори, може да се дојде до констатација дека ако предметната одлука (за распуштање на Парламентот) е изгласана на споменатиот датум (18 јануари, 2016), тоа би значело дека предвремените избори за пратеници би требало да се спроведат на 19 март 2016 година.

Поврзани новости