“Ровер” повторно одложен

by Фокус

Повторно одложен случајот „Ровер“ во кој поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошковски е обвинет за помагање убиство во 2001 година, а како причина за негово одложување беше отсуството на вториот судија поради боледување.

Обвинетиот Зоран Трајковски, поранешен шеф на обезбедувањето на Љубе Бошкоски во периодот кога ја извршуваше должноста министер за внатрешни работи, обвини дека судот има двојни аршини.

“Пред три и пол години, обвинетите во Ровер, на инсистирање на судија на претходна постапка Славица Јанковска беше даден притвор највеќе по основот – опасност од бегство. Исто така да ја информирам јавноста дека истиот судија од претходна постапка кој беше во случајот Ровер, пред само месец дена на обвинетите во Титаник не им додели притвор. Заедничко е што сите обвинети во Ровер неколку пати беа повикани во Обвинителството даваа изјави, јас бев неколку пати повикан. Надвор од закон, на инсистирање на вториот судија во Ровер, на 13. октомври 2014 година, ми беше продолжен притворот, иако поминаа две години од подигнување на обвинителниот акт”, рече Трајковски.

Следното рочиште за овој судски процес е закажано за 8 април.

 

 

Поврзани новости