-Демантираме дека кампањата за whistleblowers е започната со цел да се заштитат одредени поединци во македонската политика и дека е поврзан со судската одлука за случајот „Пуч“. Кампањата се спроведува во рамки на проектот “Застапување и заштита на пријавувачите, вклучувајќи ги медиумите и граѓанското општество”кој е започнат на 15.11.2014 година, неколку месеци пред првото објавување на прислушуваните разговори, се вели во демантот на здружението.
Од таму демантираат и дека здружението Транспаренси Интернешнел Македонија работи на проекти финансирани од Фондацијата „Отворено општество Македонија“, во јавноста попозната како Сорос.
Истакнуваат и дека поради невистинитоста на наводите изнесени во оваа статија, ТИ-М ќе поднесе Барање за извинување и јавно повлекување на објавениот текст и тужба за клевета.
Во меѓувреме Транспаренси Интернешнел Македонија спроведе повеќе активности поврзани со овој проект, вклучително и: