Ахмети им се приклучи на Груевски и Заев на средбата со Хан

by Фокус

По четири часа разговор со еврокомесарот за проширување и за соседска политика Јоханес Хан, на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ Никола Груевски и Зоран Заев им се приклучи и првиот човек на ДУИ Али Ахмети, а во секој момент треба да се им придружи и претседателот на ДПА Мендух Тачи.

Засега нема никакви информации, изјави или брифинзи за содржината и за текот на разговорите, на кои, доколку се суди според фактот дека ќе бидат маратонски, се разговара за конкретни предлози и решенија за надминување на политичката криза.

Посетата на Хан доаѓа по неколкуте средби меѓу Груевски и Заев со посредство на тројцата европарламентарци Иво Вајгал, Едвард Кукан и Ричард Ховит, како и по лидерскиите средби во Скопје на премиерот и опозициските лидер со албанските челници Ахмети и Тачи.

Поврзани новости