Демонстранти од повеќе градови веќе втор ден протестираат на улиците против изборот на Доналд Трамп за нов претседател на САД.
Најтензично беше во градот Портланд, во сојузната држава Орегон, каде протестите ескалираа кога илјадници демонстранти почнале да кршат прозорци и возила, да фрлаат со пиротехнички средства и да палат контејнери.
Присутните биле претежно млади луѓе кои предупредуваат дека претседателството на Трамп ќе предизвика поделби на расна и на родова основа.
На протестите се огласи и претседателот Трамп, кој денеска за реазлика од вчера, ги пофали протестите.
-Ми се допаѓа фактот што мала група демонстранти имаат страст за нашата голема земја. Ние сите ќе се здружиме заедно и ќе бидеме горди-напиша Трамп на Твитер.
Претходниот ден пак, новиот претседател ги обвини демонстрантите дека биле „професионални демонстранти“ поттикнати од медиумите.