Потпишана коалиција „Преродба со БЕСА”

by fokus

Национална демократска преродба и движењето БЕСА денеска соопштија дека заеднички ќе настапат на изборите на 11 декември. Коалицијата е наречена „Преродба со БЕСА” , а на денешната прес-конференција беа објавени и кандидатските листи на пратеници за неколку изборни единици.

Првата изборна единица ќе биде предводена од потпретседателот на Движењето БЕСА, Зеќирија Ибрахими, во двојката е генералниот секретар на Движењето БЕСА, Африм Гаши, а во петката ќе биде др. Арбен Лабеништи, исто така потпретседател на Движењето БЕСА. Шестата изборна единица ќе ја води претседателот на Движењето БЕСА, Билал Касами – како број еден и претседателот на Националната Демократска Преродба, Фадил Зендели – како број два.

Поврзани новости