Дане Илиев: Претседател на суд не смее да има никаков допир со предмет на судија!

by fokus

Претседател на судот не смее ни корицата на предметот да ја види, а камоли да му кажува на судијата како да постапи во однос на некој предмет, коментира Дане Илиев, поранешен претседател на Врховниот суд и долгогодишен претседател на Основен суд, откако „Фокус“ денеска објави  документ (укажување) од Владимир Панчевски, претседател на Кривичниот суд упатено до судијата Иван Џолев.

Судијата Џолев, како што претходно објавивме, поднесе тужба против Панчевски поради кривично дело „поврзано со влијание врз судија за да преземе одделни незаконити дејствија“. Панчевски, ги отфрли тврдењата дека вршел влијaние во работата на судијата и поднесе кривична пријава против Џолев за лажна пријава.

Но, рекациите во судската фела не стивнуваат откако денеска „Фокус“ го обелодени документот од кој може да се види какво било укажувањето на Панчевски врз судијата Џолев. Панчевски во укажувањето до судијата се повикува на „законските и деловоднички овластувања“ што тој како претседател ги имал и поради кои си дозволил да му укажува на судијата, но Илиев тврди дека претседателот нема такви надлежности.

„Нон сенс е претседателот на судот да влијае врз судијата, тоа го нема во ниту еден закон, категоричен е Илиев, кој во текот на своето четиринаесетгодишно искуство како прв човек на основен и на врховен суд не сретнал слично однесување на претседател кон судија.

„Претседателот на судот не смее да има никаков допир со предметот на судијата. Претседателот има надлежност само во делот на организацијата на судењата. Тој ги врши консултациите со судиите во однос на термините за нивните судења. Други овластувања во однос на предметите нема“, вели Илиев.

С.М.

Поврзани новости