Трамп: Црна Гора ако стане агресивна, ќе имаме Трета светска војна

by fokus

Американскиот претседател Доналд Трамп оцени дека е „многу нефер САД да ги штити членките од НАТО кои не плаќаат“, повторувајќи дека државите треба да ги плаќаат трошоците за нивната заштита.

„Членството во НАТО ги обврзува членките да бранат која било друга членка во случај на напад. Да претпоставиме некој да ја нападне Црна Гора. Зошто мојот син би одел да ја брани Црна Гора?“, праша новинарот од Фокс Њуз.

„Разбирам што зборувате, и јас го поставив истото прашање. Црна Гора е мала држава со многу силни луѓе. Тие се многу агресивни луѓе, можат да станат агресивни и тогаш, честитам, ние сме во Трета светска војна. Меѓутоа, тоа е начинот на кој (НАТО) функционира“, одговори американскиот претседател.

Поврзани новости