Трамп треба да плати два милиони долари, злоупотребувал средства од својата добротворна фондација

by fokus

Суд во Њујорк донесе пресуда дека американскиот претседател Доналд Трамп мора да плати два милиони американски долари за тужба според која злоупотребил средства од својата добротворна фондација за да поттикне политички и деловни интереси.

Судијката Салиен Скарпула исто така го потпиша договорот за затворање на фондацијата Трамп и распределба на преостанатите средства од околу 1,7 милиони долари на други непрофитни групи.

Главната обвинителка на Њујорк, Летиша Џејмс минатата година поднесе тужба против Трамп и неговото семејство тврдејќи дека тие нелегално ја воделе фондацијата како продолжување на неговиот бизнис и претседателска кампања.

Џејмс бараше Трамп да врати околу 2,8 милиони долари.

Поврзани новости