Трамп се соочува со притисок да го признае Бајден за претседател

by Fokus

Претседателот на САД, Доналд Трамп се соочува со притисок да соработува со тимот на новоизбраниот претседател Џо Бајден за да се направи што е можно полесно предавање на власта во јануари, пренесуваат американските медиуми.

Општата служба на администрацијата на Трамп има за задача официјално да го признае Бајден за претседател, со што би започнал трансферот на власта.

Сепак, членот на администрацијата на Трамп, Емили Марфи сè уште не го започнала процесот, ниту добила насоки дали и кога да го стори тоа.

Како што пренесуваат американските медиуми, неизвесноста околу трансферот на власта зависи од тоа дали Трамп, кој јавно не го призна Бајден за 46-ти претседател на Соединетите Американски Држави, со тврдење дека изборите се украдени, ќе ги попречи демократите во формирањето на владата.

Одборот на непартискиот Центар за претседателска транзиција, исто така, апелираше до администрацијата на Трамп да започне со пренесување на власта на Бајден и неговиот тим што е можно поскоро. 

Поврзани новости