Мицкоски: Неспособноста на Заев стана убиец на народот, за една недела 132 семејства се завија во црно

by Fokus

Неспособноста на Заев стана убиец на народот, за една недела 132 семејства се завија во црно поради корона. Претходното деноноќие Македонија имаше 26 мртви поради ковид. Дури 132 починати за само една недела. 132 семејства завиени во црно, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-По Втората светска војна до денес Македонија не памети толку големи човечки загуби. Заев стана убиец на својот народ, неговата неспособност убива. Тој предводи Влада која прави геноцид врз својот народ, преку бруталната неспособност каде ништо не е под контрола, пишува во соопштението од Мицкоски.

Тој вели дека е убеден дека да сме ја немале оваа, како што вели, неспособна Влада, денес ќе сме имале повеќе животи кои се спасени.

-Државава се соочува со најголема смртност предизвикана од корона затоа што здравствениот систем е мизерен и клекнат на колена. Државниот апарат не функционира. Зоран Заев ги упропасти сите шанси за било што да е подобро. Овој човек е неспособен да донесе иднина, но затоа е прв во лаги, неспособност и криминал и затоа мора оставка и Влада од стучни луѓе за национален спас, вели Мицкоски.

Поврзани новости