Трамп повторно номиниран за Нобелова награда за мир

by Fokus

Естонскиот европратеник Јак Медисон го номинираше поранешниот американски претседател Доналд Трамп за Нобелова награда за мир.

– Поради фактот што пратениците, исто така, можат да номинираат кандидати за Нобелова награда за мир, ја искористив таа можност. Доналд Трамп стана првиот претседател на САД во последните 30 години, во кои земјата која ја предводеше не започна ниту една војна. Покрај тоа, под негово раководство беа склучени неколку мировни договори на Блискиот исток, кои помогнаа да се постигне стабилност и мир во регионот, напиша Медисон на својот фејсбук-профил.

Трамп и претходно беше номиниран за оваа награда. Во септември 2020 година таква иницијатива презеде норвешкиот пратеник, член на Напредната партија, Кристијан Тибринг-Гједе, кој на тој начин ја обележа неговата улога во договорот за нормализирање на односите меѓу Израел и ОАЕ. Во ноември, претставници на шведските демократи ја поддржаа номинацијата на американскиот претседател. Потоа, поранешниот лидер на оваа фракција во шведскиот Парламент, Матијас Карлсон, го обележа неговото учество во решавањето на проблемите на Корејскиот Полуостров, на Балканот, како и меѓу Израел и неговите соседи.

Поврзани новости