389
Комитетот за правосудство на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес го повика претседателот Доналд Трамп, како и неговиот правен тим на прв претрес во рамките на истрагата за отповикување на Трамп.
Претресот е закажан за 4 декември, а сведоци ќе бидат правни експерти кои ќе говорат за уставните основи за импичмент.
Ова е наредна фаза во процесот кој може да доведе до подигнување обвинение против претседателот. Трамп на Твитер напиша дека станува збор за „демократска измама која не води никаде“.