460
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска потпиша указ со кој на неодредено време го суспендира влезот во државата за сириски бегалци и го лимитира влезот на други бегалци во земјата, објави CNN.
Указот е насловен „Заштита на нацијата од влез на странски терористи во САД“ и со него Трамп го исполнува ветувањето дадено во изборната кампања за спречување на одредени бегалци да влезат во САД.
Наредбата им забранува на луѓето од одредени земји каде има тероризам да влезат во САД 90 дена, се додека не бидат соодветно проверени од државата. Земјите кои ќе бидат на удар се Иран, Ирак, Сирија, Судан, Либија, Јемен и Сомалија.