Иванов со честика до кинескиот претседател

by fokus 12:19
12:19
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов по повод кинеската Нова година, упати честитка до претседателот на Народна Република Кина, Си Џинпинг.
-По повод кинеската традиционална Нова година, ми претставува особена чест и големо задоволство, во името на граѓаните на Република Македонија и во свое лично име, Вам и на пријателскиот кинески народ, да Ви упатам искрени желби за просперитет, благосостојба, мир и стабилност во Новата 2017 година. Со задоволство можам да констатирам дека севкупните односи меѓу Република Македонија и Народна Република Кина ги одликува искреното пријателство, заемна доверба и разбирање, изразени преку континуиран, плоден политички дијалог, стои во честитката.
Воедно, шефот на државата изразува убедување за натамошно јакнење и унапредување на соработката меѓу двете земји.

Поврзани новости