Покрај Иванов, и Спасовска честиташе Кинеска Нова година со вестерн балада

by fokus 14:03
14:03

По повод Кинеска Нова година, фолк ѕвездата Сузана Спасовска, со оригинална музичка честитка им се обрати на своите пријатели од Кина. Нејзината изведба на светски популарната песна ,,Oh my darling Clementine,, на кинески јазик предизвика разни коментари на социјалните мрежи, но Сузе Национале веќе подолг период е фасцинирана од кинеската култура и начин на живот, и е една од ретките во Македонија која што учи кинески јазик.

Лани таа доби диплома по кинески јазик за завршен втор семестар на Институтот “Конфуцие” при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, и како дел од делегацијата на Друштвото за кинеско- македонска соработка, минатото лето на покана од Асоцијацијата за пријателство и соработка при земјите во светот (Владина асоцијација при Министерството за надворешни работи при Народна Република Кина), го посети Пекинг.

- Advertisements -

Кога по враќањето од Кина ја запрашавме што ја натерало покрај сите останати обврски, да се посвети и на изучување на кинескиот јазик, ни одговори дека тоа и било еден вид на гимнастика на мозокот. Инаку, таа долго време соработува со Кинеската амбасада во Македонија. Од таму ја ангажираат за сите нивни позначајни настани, а на 66-годишнината од независноста на Република Кина, таа ја отпеа нивната химна.

Покрај песните на кинески јазик кои што и се омилени во последниов период, Сузана со години наназад е позната и како пејачка која што редовно е ангажирана на митинзите и капмањите на ВМРО – ДПМНЕ, каде што најчесто пее патриотски песни.

Покрај Сузана Спасовска, и претседателот Ѓорѓе Иванов упати честитка по повод Кинеската Нова година до претседалот на НРК, Си Џинпинг. Во честитката, покрај желбите за среќа, благосостојба, мир и здравје, тој порача заеднички да продолжат да го јакнат традиционалното пријателство.

Вики Клинчарова

Поврзани новости