Трамп побарал од Ердоган да го прекине огнот кон Сирија

by fokus
Американскиот претседател Доналд Трамп го повикал својот турски колега Реџеп Тајип Ердоган да „ја прекине инвазијата“ врз Сирија и да прогласи „моментален прекин на огнот“, изјави потпретседателот Мајк Пенс.
-САД сакаат Турција да ја запре инвазијата, веднаш да прогласи примирје и да поче преговори со курдските сили во Сирија, со цел да заврши насилството, рече Пенс.
Американскиот потпретседател рече дека наскоро ќе ја посети Турција на барање на претседателот Трамп.
Според него, Трамп бил одлучен во намерата во телефонскиот разговор со Ердоган, кој, од своја страна, ветил дека нема потреба да дојде до „напад на градот Кобане“.
САД вчера, преку претседателски декрет на Трамп, воведоа целни санкции против тројца турски министри, како форма на притисок врз Анкара да ја прекине офанзивата во Сирија.

Поврзани новости