Досегашниот американски претседател Барак Обама го поздрави неговиот наследник Доналд Трамп на средбата во Белата Куќа.
„Обама е добар човек” – вака новоизбраниот претседател го опиша својот дологодишен противник по средбата.
Таа траела час и половина, или повеќе од планираното, бидејќи како што велат, разговарале на многу теми и проблеми. Трамп изјави и дека ќе бара совети од Обама како претседател, додека Обама вети целосна соработка во периодот на транзиција.
– Без разлика на нашите разлики, можеме да работиме заедно и да придонесеме за полесна транзиција – изјави Обама по средбата.
Денеска во Белата Куќа средба остварија и првата дама Мишел Обама со сопругата на Трамп, Меланија Трамп. Ново избраниот претседател Доналд Трамп своето место во Белата куќа ќе го заземе на 20 јануари 2017.