Трамп: Нема да испраќаме војници во Украина

by irena 21:57
21:57

Американскиот претседател Доналд Трамп ја исклучи можноста за испраќање американски војници во Украина, но наговести дека безбедносните гаранции за Киев би можеле да вклучуваат воздушни патроли од американски и европски борбени авиони.

„Нема да имаме војници на земја или нешто слично“, рече Трамп.

Американскиот претседател додаде дека без безбедносни гаранции од „некаков вид“ кризата нема да се реши.

„САД се подготвени да обезбедат помош во воздух, но присуството на Европејците е очекувано во најголем дел“, додаде Трамп.

Тој рече дека верува во можноста за одржување трилатерален состанок на САД со Русија и Украина, но призна дека е помалку веројатно да се одржи самит меѓу Русија и Украина.

Слични вести