Силен земјотрес ја погоди Невада, граѓаните во паника

by irena 22:02
22:02

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран во американската држава Невада, според Геолошкиот завод на САД (USGS).

Според достапните податоци, земјотресот е регистриран во 21:59 часот по московско време, на околу 95 километри од градот Елко, кој има околу 21.000 жители.

Фокусот на земјотресот бил на длабочина од шест километри.

Досега нема извештаи за можни жртви или материјална штета, но граѓаните се огласија на мрежите, опишувајќи го земјотресот како „ненадеен и силен“.

Властите продолжуваат да ја следат ситуацијата и повикуваат на претпазливост во случај на последователни потреси.

Слични вести