Трамп не планира да присуствува на погребот на Мекејн

by fokus

Американскиот претседател Доналд Трамп не планира да присуствува на погребот на републиканскиот сенатор Џон Мекејн, кој почина вчера, пишува весникот „Њујорк тајмс”.

Според весникот, кое цитира запознаени извори од Републиканската партија, поранешните претседатели Џорџ Буш помладиот и Барак Обама изразилe желба да присуствуваат на погребот на Мекејн.

Според прелиминарниот план, администрацијата на Трамп се очекува да биде претставена на погребната церемонија од страна на потпретседателот Мајк Пенс. 

„Њујорк тајмс” претходно соопшти дека Мекејн ќе биде погребан во градот Анаполис, Мериленд, но засега не е дефинитивно кога.

Ветеранот на американската политика ќе добие државни почести: ковчегот со неговото тело ќе биде поставен за поклонение во централната ротонда во Капитол, а меморијалната служба ќе се одржи во катедралата на Вашингтон. Потоа, до погребот ковчегот ќе биде поставен во зградата на законодавното собрание на Аризона – државата, кој Мекејн ја претставуваше во Конгресот 35 години. 

Поврзани новости