Трамп: Нашите односи со Мексико се зацврстуваат

by fokus

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека е можно постигнување трговски договор со Мексико за време на преговорите меѓу двете земји во текот на викендов во Вашингтон за преразгледување на Северноамериканскиот договор за слободна трговија (НАФТА).

– Нашите односи со Мексико се зацврстуваат во секој изминат час. Има многу свесни луѓе во поранешната и сегашната влада и сите работат добро заедно. Можно е набрзо да се појави голем трговски договор со Мексико, напиша Трамп на Твитер,

Засега претставници на САД и Мекиско водат меѓусебни преговори, а третата страна во договорот – Канада, треба да се приклучи кон нив откако ќе се постигне поголем напредок во дијалогот.

Главната пречка за постигнување на договорот е клаузулата на која настојуваат САД, а тоа е трговскиот пакт да се преразгледува и одобрува на секои пет години. На тоа остро се спротивставуваат и Мексико и Канада. 

Поврзани новости