Тони Михајловски: Почивај во мир Ванчо, ќе недостигаш во борбата за Македонија

by fokus

Ванчо Петрушевски денеска трагично го загуби животот од струен удар, а неговите колеги од театарот и филмот, се уште се во шок од лошата вест. Актерот Тони Михајловски, преку својот профил на Фејсбук се прости со колегата.

„Вечна ти Слава Иван Петрушевски- Ванчо. Почивај во мир голем Македонецу. Македонија ќе те памети вечно, оти делата остануваат и по човека. По тебе ќе останат и многу, и убави. Ќе недостигаш многу и во театар колега, и во борбата за Македонија брату. Лесна ти земја“, посочи Михајловски.

Поврзани новости