Трамп: Моравме да покажаме „груба љубов“ за Турција да ја прекине офанзивата

by fokus

Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер му се заблагодари на турскиот колега Реџеп Таип Ердоган за постигнувањето на договор за прекин на огнот во североисточна Сирија, истакнувајќи оти од Анкара пристигнува прекрасна вест и дека ќе бидат спасени милиони животи.

– Моравме да покажеме малку „груба љубов“ за да се дојде до договор. Ова е прекрасно за сите. Горд сум на сите, напиша Трамп на Твитер.

Тој додаде дека договорот никако не можел да биде постигнат пред три дена.

– Луѓето многу години се обидуваа да постигнат ваков договор. Милиони животи ќе бидат спасени. Ви честитам на сите, посочи Трамп.

Твитот на Трамп уследи по четиричасовната средба на американската делегација со Ердоган во Анкара, при што е претседателот на Турција се согласи на петдневно примирје во североисточниот дел на Сирија, со цел да се повлечат курдските сили, а потоа во целост ќе биде запрена операцијата Извор на мирот.

Претходно, потпретседателот на САД, Мајк Пенс по средбата со Ердоган во Анкара, изјави дека е постигнат договор за прекин на турската офанзива во североисточна Сирија. Тој наведе дека е во тек повлекувањето на курдските Сили за заштита на народот и дека САД работат на тоа тие да се дислоцираат на повеќе од 32 километри од границата со Турција.

Поврзани новости