Меркел, Макрон и Туск седнаа заедно и пишуваат текст за проширувањето

by fokus

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, Ангела Меркел, Емануел Макрон „и неколкумина други“ во моментов седат заедно и подготвуваат текст за проширувањето – информира ЕУ дипломат, објави порталот НОВА.

По опсежната дискусија меѓу лидерите за аспирациите на С.Македонија и Албанија да се придружат на ЕУ, Туск побара пауза, надевајќи се на договор за надминување на француското опирање на почетокот на преговори за двете балкански нации.

Непосредно пред почетокот на Европскиот совет во Брисел, францускиот претседател Емануел Макрон при пристигнувањето во Советот им се обрати на новинарите и во таа пригода не кажа ништо за прашањето за проширувањето и датумот за почетокот на преговорите, кое ќе биде една од точките на Самитот.

Поврзани новости