253
Американскиот претседател Доналд Трамп му одговори на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун на заканите со атомското копче и рече дека неговото е поголемо и помоќно.
Откако Ким во новогодишниот говор со зборовите „атомското копче ми е постојано на дофат на раката на мојата работна маса“, упати закани до САД, Доналд Трамп на Твитер напиша: „Ве молам, дали некој од неговиот осиромашен и изгладнет режим ќе го информира дека и јас имам атомско копче, но многу поголемо и помоќно од неговото, а освен тоа, моето функционира!“