517
Претседателот на САД Доналд Трамп објави дека САД ги прекинуваат сите односи со Светската здравствена организација, бидејќи, рече тој, не успеала соодветно да одговори на кризата со корона вирусот, а воедно Кина има тотална контрола.
-Кина ги игнорираше своите обврски да го пријави коронавирусот во СЗО и потоа ја притискаше да го залажува светот кога вирусот првпат беше идентификуван – изјави Трамп.
Притоа, тој посочи дека САД придонесуваат во СЗО со 450 милиони долари, а Кина само со 40 милиони.
-Ги прекинуваме сите наши врски со СЗО и парите ќе ги пренасочиме на друго место. Светот страда поради злоупотребата на кинеските власти. Кина поттикна глобална пандемија која досега однесе 100.000 животи во САД – обвини Трамп.