Трамп до Нетанјаху по нападите во Либан: Потполно си луд – ќе беше во затвор ако не бев јас!

by irena 11:26
11:26

Претседателот на САД – Доналд Трамп со остри критики за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на телефонски разговор фокусиран на ескалацијата на конфликтот во Либан.

Како што пишува порталот „Аксиос“, Трамп изразил силна вознемиреност од најавите за нови израелски напади врз Бејрут, предупредувајќи на меѓународна изолација на Израел.

„Потполно си луд. Ќе беше во затвор ако не бев јас. Ја спасувам твојата политичка кариера. Сега сите те мразат. Сите го мразат Израел поради ова“, наводно му рекол Трамп на Нетанјаху.

Американски функционер наводно потврдил дека претседателот бил бесен за време на дијалогот и во еден момент извикал: „Што по ѓаволите правиш?“.

Трамп, велат, смета дека Израел има право на одговор против Хезболах, но покажал сериозна загриженост поради несразмерната ескалација на конфликтот.

Слични вести