Претседателот на САД, Доналд Трамп ги зголеми правните закани против своите политички противници во последните неколку недели.
Во еден од последните негови постови на социјалната мрежа Truth Social, Трамп го нападна мегадонаторот на демократите, Џорџ Сорос и неговиот син, Александар, и повика да се соочат со федерални обвиненија за рекетирање и корупција.
„Џорџ Сорос и неговиот прекрасен син од радикалната левица треба да бидат обвинети за ,,RICO“ поради нивната поддршка на насилните протести и многу повеќе, низ целите Соединети Американски Држави“, напиша Трамп. „Тоа ги вклучува и неговите луди пријатели од Западниот Брег. Бидете внимателни, ве набљудуваме!“
Портпаролот на Фондациите Отворено општество ги осуди коментарите на Трамп. „Овие обвинувања се скандалозни и лажни. Фондациите Отворено општество не поддржуваат ниту финансираат насилни протести“, рече портпаролот. „Нашата мисија е да ги унапредуваме човековите права, правдата и демократските принципи дома и низ целиот свет.“