180
Попладнево се одржа седница на Извршниот одбор на СДСМ. Членовите на Извршниот одбор на СДСМ донесоа одлука со која е дадена согласност за кандидатури за градоначалници во уште 11 општини низ државата, соопштија од опозициската партија.
Новообјавените кандидати за градоначалници се следните: за Бутел – Оливера Ливриниќ, за Велес – Маја Хеско, за Гевгелија – Миле Атанасов, за Делчево – Дејан Глинџарски, за Демир Капија – Лазар Петров, за Конче – Благој Илиев, за Кратово – Влатко Спировски, за Кривогаштани – Игор Каравиловски, за Македонски брод – Ивица Стојковски, за Ранковце – Даниел Крстевски, за Старо Нагоричане – Далибор Трајковски.
,,СДСМ јасно ја потврдува својата подготвеност да понуди силни, чесни, квалитетни и докажани кандидати за претстојните локални избори кои ќе работат во интерес на граѓаните и напредок на општините“, велат од оваа партија.