Трајковски: АЕК наредната година планира да потроши еден милион евра за промотивна кампања

by Фокус 14:53
14:53

Агенцијата за електрoнски комуникации (АЕК), во својот Предлог годишен план за работа за 2015 година планира да потроши 60 милиони денари, или еден милион евра за промотивна кампања, истакна на денешната прес-конференција Горан Трајковски, од СДСМ.

-Агенцијата не е орган што е сега основан, па треба да се промовира, и навистина е прашање што тоа Агенцијата треба да промовира, за да потроши еден милион евра пари од граѓаните? Или се отвора нова можност за финансирање и контрола на “послушните медиуми“?, праша Трајковски.

- Advertising -

Тој додаде дека дополнително, Агенцијата за електронски комуникации планира да биде и донатор.

-Не е  наведeно кому и за што. Оваа ставка што во 2014 изнесувала 80 милиони денари. Сега ја зголемуваат за неверојатни 101 отсто! Или на 160.960.000 денари! Само оваа ставка за донации, заедно со таа за т.н. интелектуални услуги, каде што влегува милионската промотивна кампања, ќе однесат 50 проценти од парите на компаниите, односно на граѓаните, што ги прибира АЕК, истакна Трајковски.

Трајковски наведе дека во Предлог годишниот план на АЕК се наведувале и уште неколку чудни ставки, односно се зголемувале средствата за потрошни материјали, за превоз, за реклама, пропаганда и репрезентација, како и за други материјални услуги.

-Ваквите расфрлувања на АЕК го оптоваруваат работењето на телекомуникациските оператори. Сметката на крајот ја плаќаат граѓаните и компаниите со високите сметки за услугите. Бидејќи Агенцијата покажува дека може да троши повеќе од лани, тоа значи дека имаат вишок пари од потребите за административни трошоци. Затоа бараме да се намалат надоместоците на операторите и тие да бидат задолжени, преку соодватена анализа на пазарите, да ги намалат цените на нивните услуги, истакна Трајковски.

Од СДСМ велат, дека на овој начин на кој функционира АЕК, се отвора сериозни сомнежи дека главната цел на АЕК е да се рекламира со огромни суми пари, за како што велат, власта на Груевски да ги држи медиумите под контрола.

 

Поврзани новости