Турскиот премиер Ахмет Давотоглу во посета на Македонија

by Фокус 16:53
16:53

Сакаме Македонија да биде што поскоро членка на Алијансата, никој како Турција не ја поддржува Македонија на тој пат, порача турскиот премиер Ахмет Давотоглу, по средбата во Скопје со македонскиот колега Никола Груевски.

– За стабилност на регионот, земјите од Балканот треба да бидат под чадорот на НАТО. За време на Самитот во Чикаго на една вечера излагањето го започнав со изјавата дека јас сум од Македонија. Тоа е голема поддршка за Македонија од Турција и таа ќе продолжи како и досега – рече Давутоглу.

Според Груевски, одличните политички, но и економски односи меѓу Македонија и Турција, можно е да ја постигнат целта сегашното ниво на трговска размена од половина милијарда долари да пораснат за двојно.

- Advertising -

– Во 1999 година кога бев министер за трговија го покренав прашањето за потпишување договор за слободна трговија со Турција. Почнаа преговорите и во период од година дена се потпиша договорот. Тогаш размената меѓу Македонија и Турција беше 50 милиони долари. Денеска е речиси десеткратно повеќе – рече Груевски.

И претседателот на државата Ѓорге Иванов, остварил средба со турскиот премиер, на која, како што соопштија од неговиот кабинет, тие размениле мислења и информации за состојбите во регионот, за прашањата од надворешно политички интерес и за потребата од поголема соработка меѓу безбедносните служби меѓу двете земји.

Поврзани новости