441
Трајко Велјановски, претседател на собранието, ургира кај министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, да се ослободат луѓе.
– Ќе ги пуштиме, ама мора да изменаџираме, за да не избие скандал – му одговара Јанкуловска, може да се чуе од една од снимките што ги објави СДСМ.
Министерот за финансии Зоран Ставревски, пак, ја прекорува затоа што не обезбедила подобни полицајци, кои нема да легитимираат луѓе од неговиот изборен штаб.