Трајановски: Обиколницата е проект на СДСМ

by fokus

Власта и опозицијата кршат копја за тоа кој е одговорен за последиците од катастрофалното невреме во Sкопско.

Откако Дамјан Манчевски од СДСМ го обвини Коце Трајановски дека иако знаел дека има проблем со обиколницата не направил ништо, градоначалникот се бранеше дека неговата партија пуштила во употреба проект кој веќе бил започнат.

-Некој вели не сте смееле да ја пуштите во употреба, бидејќи во меѓувреме се покажале некои аномалии.Сите измени кои што се прават се прават во проектот. Значи главните делови треба да бидат предвидени во проектот – рече Трајановски.

Обвинувањата за негрижата за одводните канали, Трајановски ги офрли со образложение дека тоа не одговорност само на Град Скопје.

-Немојте се што се движи и постои во Скопје, да му го префрлате на Градот Скопје. Проценети се ризиците, меѓутоа надлежностите за извршување на тие ризици се поделени меѓу Град Скопје, општините и државата. Ние надлежни сме за каналите кои што се во урбаниот дел, а најголемиот дел од поплавата беше во руралниот дел- рече Трајановски.

 

 

Поврзани новости